Во Штип од утре „Ало ми треба такси“: 70 денари, а ако се качите по 25 денари за секој километар

Секое „ало„ во такси компанија во Штип ќе чини 70денари, гратис километри како до сега нема да има,  а секој поминат километар ќе се наплаќа по 25денари, ваква одлука на синоќешниот состанок донесоа штипските такси превозници. Иако новиот тарифник ќе важи од утре, дел од таксистите уште од вчера  возат  по повисока цена. По новата пресметка, такси превозот во Штип се покачува за 30%

 „Очекуваме некакви мерки од Владата. Доколку нема ефект до 1јули и нема намалување на ДДВ и акцизите, сигурно би оделе со уште едно покачување од 20 до 30%„-изјави Глигор Арсов, претседател на Здружението такси превозници во Штип.

Велосипедите и одењето пеш, барем за оние граѓани кои немаат приватни автомобили, ова лето ќе им биде единствено средство за движење. Секојдневното варирање на цената на нафтата ги замати сметките и на другите превозници, па поради тоа пропадна и последниот јавен повик за автобуски превоз во градот.

Превозниците треба да возат по една одредена цена, да дадат понуда , а немат стабилност на пазарот. Претпоставуваме дека тоа е една од главните причини за незаинтересираноста„-изјави Оливера Бажева, сообраќаен инспектор при Општина Штип.

Подолг период, јавниот превоз во Штип е сериозен проблем. Поради корона кризата, а сега и цената на горивата многу такси превозници ги затворија своите компании. Во градот од околу 300лиценцирани, сега работат едвај стотина возила. Дополнително, во врат им дишат и дивите таксисти кои избегнувајќи ги давачките кон државата возат испод цена. Од Асоцијацијата на такси превозници алармираат дека само минатиот месец во државата се затворени 15такси компании, а над 200лица останале без работа.  

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста