Бауш за Aлфа: Власта нелогично планира да зголемува даноци, граѓаните ќе го платат цехот


Deprecated: Implicit conversion from float 1714258358.133345 to int loses precision in /home/alfamk/public_html/wp-content/plugins/sneeit-framework/includes/utilities/utilities-views.php on line 40

Владата бара начин како да го наполни буџетот за од септември да може да го исплати ветеното покачување за администрацијата .  Покачувањето на даноците и воведувањето на нови за економистите е нелогичен потег .Експертите критиокуваат дека  во момент кога почнавме да се движиме кон едноцифрена зона на инфлација , наместо да ја стабилизираме ситуацијата  и да се подготвиме за новата зима сега се удира по грбот на граѓаните  .

Ние уште не излезени од кризата покачуваме даноци , кај електричната енергија и кај огревот , кои што битно влијаат и во стандардот на граѓаните , грејната сезона кај и да е ќе дојде тука, ќе бараме алтернативно решение и ќе имаме двојни проблеми, и еколошки .  Ова е чуден момент, во еден момент сите даноци да се стават под европско знаме , ама вториот момент е тоа што ќе ги погоди граѓаните, а требаше уште да се чека . Како да направи Владата еден баланс на овие даноци, сепак од друг аспект грашаните ќе бидат погодени . Некои фирми ќе бидат погодени . Во еден одреден момент вие во септември ќе имате покачување на плати во јавна администрација , јавниот долг сакате да го покачите но нема средства, парите се многу скапи на пазарот, граѓанската обврзница направи толку колку што направи и сега мора да земете пари од граѓаните за да може да ги платите тие пари кои Владата ги вети на администрацијата, вели професор Абил Бауш.

Од стартот на пандемијата, се носеа мерки без широка дебата и без дискусија само за купат социјален мир на кратко. Данокот на добивка беше очекувано дека ќе се случи, но се носи предоцна смета Бауш, а додека пак даноците за огрев и за електрична енергија прерано.  Парите кои ќе се соберат со ребаланс на буџетот ќе се наменат за плати.

Се оди брзо да се завршат некој работи, но тој социјален мир е многу кратко , во етапи од почетокот на годината имате секој дневно штрајкови , како да не се направи рамка да се знае што е попустливо, што не е . И сега згора на тоа се носи законот за даноците и ќе се види колку пари ќе се соберат , па во септември ќе се направи нов ребаланс за да се обезбедат парите за платите . Не знам како поинаку ова би го коментар, вели Бауш.

 ВМРО – ДПМНЕ нема да ги поддржат законот за соилдарност, ДДВ и добивка во Собрание. Овие закони  не се наменети за оние кои се нелојални и нема да придонесат за борба со сивата економија, вели Мицкоски.

Тие закони кои планира Владата да ги протне во парламентот, „шверцерски“, повторно со злоупотребата на европското знаме, се, практично закони кои имаат за цел тие што и денеска се лојални граѓани и си ги исполнуваат обврските спрема државата, да ги натовари со дополнителни давачки. И законот за персонален данок, и законот за додадена вредност- ДДВ-то, но и законот за солидарност. Не претставува борба со сивата економија, не претставува броба против оние кои и денеска не се лојални и не ги плаќаат давачките спрема буџетот. Туку претставува дополнителен товар на оние кои се лојални, вели Мицкоски .

Веќе августовските сметки за електрична енергија ќе бидат со 8 отсто повисок данок, а  се зголемува данокот за пелети од 5 на 18 отсто.  Покрај поскапата струја и пелети, Владата ќе го поскапи ДДВ-то кај одредени производи од 5 на 10 отсо, не наведоа на кои но немало да биде за храна која не се смета за основен прехрамбен производ , надолна корекција на ДДВ ќе има за менструалните производи и за дигиталните учебници.

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

Deprecated: Creation of dynamic property Sneeit_Singular::$article_image_height is deprecated in /home/alfamk/public_html/wp-content/plugins/sneeit-framework/includes/articles/articles-singular.php on line 174