Падна договор во Слупчане – жителите ќе ги плаќале сметките и долговите на рати

Падна договор во Слупчане .  ЕВН од утре ќе почне со работа на реконструкција на мрежата, а долговите ќе се плаќаат на рати . По неколку неделни преговори , неплаќачите се нафатија да ги платат долговите, а тие што имале проблем и биле социјално загрозени ќе ги плателе  на рати , информира за Алфа претседателот на советот на Општина Липково Зекирија Шаини. Од сега па натака, слупчанци уверуваат оти ќе си ги плаќаат сметките како и сите останати, а нивниот револт, како што велат, бил поради што се кажувале невистини за нив дека тие предизвикувале проблеми на мрежата .

Се договоривме струјомерите да се надвор од куќите, се договоривме социјалните случаи да платат на рати, секој да има струја, а каде ќе се гради нова куќа ЕВН да инвестира во мрежата , а во иднина сметките ќе се плаќаат , порача Зекирија Шаини , претседател на Совет на Општина Липково.

Пред неколку недели , жителите на Слупчане не ги пуштаа екипите на ЕВН да влезат во селото за да санираат дефект на мрежата по што околните села па дури и граничниот премин Табановце останаа без струја . Тие испратија и цела листа на барања до ЕВН за што се преговараше повеќе од две недели .

За да можат безбедно да работат екипите на ЕВН,  гаранции мораше да дадат политичките партии, локалната власт и дури и државниот врв.  И покрај ова, Министерот за економија Крешник Бектеши, пред новинарите тврдеше дека тој не се мешал во преговорите и не знае за што се преговара.

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста