Карта на Голема Албанија, албански знамиња, албански песни – Чаир и Тетово како да не се во Македонија

Молк од Владата, министрите, премиерот и претседателот на државата за развеаното знаме на Голема Албанија што се вееше во Тетово за пречекот на косовскиот премиер Албин Кутрти. СВР Тетово ќе истражува кој го веел знамето, но засега молчат за санкции кон градоначалникот и домаќин Билал Касами, кој на Фејсбук објави фотографии од вчерашниот концерт по повод посетата на косовскиот премиер каде се вее знамето на Голема Албанија.

Двоглав орел, албанско знаме, албанска химна и песни, говор само на албански јазик, Тетово и Чаир за пречекот на косовскиот премиер Албин Курти, изгледаа како да не се дел од Македонија, туку како да се одржува манифестација во Албанија или Косово.

Во Тетово освен што се вееше знамето на Голема Албанија, амбиентот беше дополнет со албански народни песни. На македонски јазик не беше кажана ниту една буква, превод немаше ниту за новинарските екипи кои го следеа настанот. Немаше ниту едно македонско обележје што потсетува дека настанот се случува во Македонија.

Албин Курти дочекан како вистинска звезда и во Тетово, но и во Чаир кај домаќинот и градоначалник Висар Ганиу по повод преименувањето на улицата Втора македонска бригада во името на косовскиот борец за голема Албанија, Адем Демачи.

Прегратки, бакнежи и поздрави за косовскиот премиер од топлпата чаирчани која беше насобрана да го прослави новото име на улицата.

Силно полициско обезбедување имаше во Топанско поче, а Тетово синоќа беше парализирано и со посебен сообраќаен режим каде училиштата и градинките станаа паркинг места пред закажаниот концерт на плоштадот закажан во име на косовскиот премиер.

Oд СВР Тетово информираат дека преземени се активности и се работи на расчистување на случајот и сите ќе бидат санкционирани вклучително и градоначалникот. Иако тој лично ги објавии фотографиите со знамето и е организатор на настанот, МВР допрва ќе истражува кој го веел знамето.

Имено, за веењето на знамето од Кутлеш во Охридскиот суд веќе се води постапка против адвокатот Тони Менкиноски за нарушување на ред и мир

Бурни реакции кај јавноста предизвика преименувањето на улицата Втора македонска бригада. Ова име е во чест на бригадата во која учествувале 180 борци коишто ги дале животите во борбите со бугарскиот окупатор, но голем дел од нив и во завршните борби на ослободителната борба на Македонија во 45 тата.

Отсега улицата во Чаир ќе го носи името на високо почитуваната личност во Косово кој е истакнат книжевник и борец за Голема Албанија, Адем Демачи. Тој нема никаква врска со главниот град, ниту со Македонија, единствената врска со македонската територија е тоа што во Скопје ги завршил студиите. 

Паула Костадиноска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста