Бизнисот против замрзнувањето на цените, за стопанствениците ова е чист популизам

Не е потребно замрзнување на цените на производите, туку треба да се најдат алтернативи и да се активираат државните резерви, алармира стопанството, откако Владата секоја недела си игра весела математика со мрзнење на артикли. Според извршниот директор на Стопанската комора Антони Пешев, власта мора да го заштити населението како што тоа го прават другите држави, со финансиска инекција на секое домаќинство. Таков пример е Австрија, земја која во ниеден момент не ги остави на цедило граѓаните, туку постојано им помагаат со реални, а не со популистички мерки.

Власта да не си игра весела математика и да замрзнува цени, зашто тоа не е пазарна мерка, туку со реални мерки да го заштити населението, но и да ги активира стоковните резерви, алармира стопанството. Според извршниот директор на Стопанската комора Антони Пешев, економиите во светот имаат поинаков пристап и проблемот не го решаваат со замрзнување на цените, туку финансиски се субвенционираат граѓаните, за домашното производство да биде поконкурентно. Таков пример е Австрија, земја која во ниеден момент не ги остави на цедило граѓаните.

  • Ние се залагаме токму за тој принцип – да не одиме со замрзнување на цените, туку со субвенционирање на она население на кое тоа навистина му треба. Замрзнувањето на цените непотребно ги става компаниите чии производи се замрзнати во неповолна економска позиција, а производите се продаваат и на оние групи население на кое таа разлика во цена не им значи ништо. Затоа, многу повеќе ги почитуваме мерките на Владата кои се однесуваат на директна интервенција во делот на намалување на царините, помош при увозот на репроматеријали, субвенционирање на електрична енергија и механизмите кои го прават домашното производство поконкурентно, отколку директно замрзнување на цените, напомена Пешев, одговорајќи на новинарски прашања пред Македонско-австриските бизнис-средби во Комората.

Замрзнување на цените, потенцира, е мерка која не може да трае долго, а по нејзиното завршување повторно ќе има поскапувања.

  • Оваа мерка не може да трае долго и по нејзиното завршување повторно ќе го имаме проблемот со зголемување на цените. Во меѓуврме, пак, компаниите чии производи биле опфатени со замрзнувањето на цените, изгубиле многу пари. Затоа ние секогаш се залагаме за пазарни, а не за популистички мерки, подвлече извршниот директор.

На прашањето дали ова го искомуницирале со Владата, тој одговори потврдно.

  • Да, апсолутно. Се појавивме со неколку изјави, но Владата има право да ги замрзне цените. Сепак, повторно ќе напоменеме, има механизми кои не се доволно искористени, а тоа се државните рзерви кои секогаш во ваква ситуација се покажуваат како подобар механизам од замрзнувањето на цените. Владата би требало, ако сака да интервенира, да го засили влијанието на пазарот со свое влегување преку „базенот“ кој се вика државни резерви, подвлече Пешев.

И додека македонската Влада прави популистички мерки и замрзнува цени за денар или два, во Австрија го нема тоа. Ама затоа има директна државна помош за секое домаќинство над 100 евра. Според австриското стопанство, на граѓаните треба да им се помогне во време на криза, за полесно да ги платат давачките.

Според Рихард Бандера, регионален менаџер за Југоисточна и Источна Европа и за Централна Азија, втора клучна тема во Австрија се енергетските трошоци.

  • Воведовме помош на домаќинствата за покривање на енергетските трошоци. Тоа се неколку стотини евра што не се големи средства, но сепак беше чекор напред во поддршката кон граѓаните. Дадовме поддршка и на претрпијатијата кои имаат интензивна потрошувачка на енергија. Тоа се оддолжи малку, но во период од повеќе месеци добија поддршка, рече Бандера.

Во меѓу време, компаниите аларамираат и за пробелмот со недостигот на работници. Само во последните неколку години, дипломирале околу 15.000 студенти во земјава, но огромен дел од нив заминале од државава.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста