Земјоделството пред колапс – без итна поддршка штетите ќе бидат драматични

Македонското земјоделство се соочува со сериозни проблеми, алармираат стопанствениците. На средба со министерот се пожалија дека се соочуваат со еден куп проблеи. Многу слаб пласман на производите, немање ресурси но и доволно кадар се само дел од нивните маки. Предупредуваат дека загубите им биле огромни, посебно периодов во услови на пандемија кога едвај преживуаат: 

Колкави се загубите зборуваат бројките од повеќе од 60% пад во делот на производството но и продажбата. Министерот за земјоделство признава дека секторот се соочувал со сериозни проблеми, зашто што како што вели доаѓал од аграрот. Конкретни решенија сепак не понуди. Но бара заедно да се работело:

Владата и Министерството за земјоделство вложуваат силни напори да ги овозможат сите услови за стопанисување, како потврда на свесноста за значењето кое приватниот сектор го има во вкупната економија.

  • Приватниот сектор е силата што ја движи економијата. За мене е исклучителна чест да бидам во вакво друштво на агробизнисмени кои го носат домашното производство на храна, бизнисмени кои се заслужни за влезот на девизи во државата, за ставањето во функција на нашите обработливи површини. Стопанственици кои вработуваат, плаќаат даноци, исплаќаат плати и се движечка сила на нашата вкупна економија, изјави министерот Хоџа.

Претседателот на Стопанска комора на Македонија Бранко Азески истакна дека комората секогаш е консултирана при носењето на политиките во агросекторот и дека тие ќе ја дадат својата поддршка за радикални промени кои ќе придонесат за развој на селата.

  • Да се вратиме кон селото. Порано имаше миграција село – град, а сега треба да поттикнеме обратна миграција, изјави Азески.

Претставниците од приватниот агросектор посочија дека државата треба да ги мотивира големите компании, бидејќи тие се локомотивата која ја движи економијата и дека тоа се европски принципи да се стимулираат сите кои сакаат да работат и знаат како. Тие ги искажаа своите предлози и идеи за подобрување на состојбата во агросекторот, но за реализација на нивните планови побараа поддршка од државата.

Во услови на пандемија, земјоделството е едно од најпогодените гранки. Освен намалено производство, овој сектор се соочува и со проблеми при трансопортот но и слаб пристап до финансии. Алармираат дека без посериозна поддршка штетите ќе бидат уште поголеми, посебно доколку кризата со пандемијата продолжи и во текот на наредната година.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста