Возило се излизга на регионалниот пат с.Крупиште – Пробиштип, едно лице се здоби со тешки телесни повреди

На 21.07.2020 во 11.05 часот било пријавено дека на регионален пат с.Крупиште – Пробиштип, на крстосница за населба „Ванчо Прќе“, патничко возило „ауди Q8“, со германски национални ознаки, управувано од З.Т.(49) од Кочани се излизгало во канал покрај патот. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобила Д.Т.(47) од Кочани, сопатничка во возилото. За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Штип.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста