И грчкиот граничен премин ,,Дојрани“ ќе биде затворен за патнички и товарен сообраќај

Министерството за внатрешни работи  ги известува граѓаните дека до граничната служба на граничниот премин „Стар Дојран“ од страна на грчката гранична служба од граничниот премин ,, Дојрани“ , а во врска со новите протоколи на грчката влада за рестрикитивни мерки  за ковид-19, доставено е известување дека грчкиот граничен премин ,,Дојрани“ ќе биде затворен за патнички и товарен сообраќај во периодот од 22.07 (среда) од  00.00 часот до 04.08.2020 (вторник).

Сите патнички и товарни моторни возила што планираат да остварат влез и излез од и во Грција во  наведениот период, тоа ќе може да го остварат на грчкиот граничен премин ,,Евзони“.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста