Во Словенија од денес повторно е задолжително носење маска во затворени простории и верски објекти

Словенечката Влада одлучи повторно да бидат воведени некои рестриктивни мерки за граѓаните по појавата на новозаразени со коронавирусот.  По препорака на епидемиолозите, сите граѓани повторно се обврзани да носат заштитни маски  во затворени простории. Истото важи е за верските објекти каде што верниците нема да смеат да влезат доколку немаат соодветна заштитна опрема. Повторно е наредено да се постават средства за дезинфекција на повеќе места, а сите граѓани при влегување во затворени простори задолжително ќе мораат да си ги дезинфицираат рацете.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста