Во Скопје вкупно се лекуваат 58 лица позитивни на коронавирусот

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје нема хоспитализирани нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 58 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.

Во последното деноноќие, на Институтот за ТБЦ немало приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември исто така немало примени пациенти, ниту пак на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 8 оздравени пациенти.

Во ковид центарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат 8 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 18 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 32
пациенти.

Вкупно 58 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 87 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.