Во несреќа предизвикана од невремето во Шишево едно лице се здоби со тешки телесни повреди

На 08.08.2020 во 22,00 часот во Полициското одделение Сарај било пријавено дека во с. Шишево во дворот од семејната куќа за време на силниот ветар и врнежите  од дожд Ј.С. (53), излегол да ја затвори металната капија која во еден момент се откачила и паднала врз него, при што  Ј.С се здобил со тешки телесни повреди констатирани во болницата „Аџибадем Систина“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста