Во БиХ нагло порасна бројката на заразени

Во Босна и Херцеговина е регистриран далеку поголем дневен број на заразени.. Здравствените власти го потврдија наглото зголемување на бројките, со што се отвори прашањето дали оваа земја го живее вториот бран на пандемијата. Од крајот на мај, кога се стабилизира епидемиолошката состојба во БиХ, бројот на новозаразени лица на дневна основа остана двоцифрен, но се појавија и нови жаришта. Властите досега не објавија повторно воведување рестриктивни мерки, а градскиот превоз во Сараево веќе е целосно оперативен.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста