Влеговме во НАТО, но инвеститори не дојдоа – зошто Македонија ја загуби атрактивноста пред земјите од регионот?

И покрај оптимизмот од власта дека во земјава ќе влезе нов странски капитал со влегувањето на Македонија во НАТО, сепак тоа не се случи. Големите светски гиганти наместо да вложат кај нас, ја заобиколуваат земјава и заминуваат во соседството. Технолошко индустриските развојни зони кои беа двигател на македонската економија, годинава не успеаја да привлечат ниту една странска компанија. Бројкте се поразителни не само за оваа кризна година, туку за сите од доаѓањето на власта опредводена од Заев. Власта се правда дека се работи, но зошто нема резултати конкретен одговор нема.

  • Заклучно со октомври 2020 година, вкупниот извоз во државата е паднат за 13,01 отсто во однос на извозот во 2018 година, но извозот од ТИРЗ-зоните е намален за 9,4 отсто“, изјави Депостовски, додавајќи дека тоа намалување е како последица на глобалната криза. Најголем пад е регистриран во април, а од втората половина на годината бројките на извозот се опоравуваат.  Заклучно со ноември 2020, кумулативниот пад на извозот за периодот јануари – ноември 2020 споредено со иститот период во 2019 ќе биде околу 8 или 8,5 отсто, рече Деспотовски.

И додека кај нас се уште се преговара и договара, во соседна Србија, јапонскиот гигант „Тојо“ почнува со градба на нова фабрика за производство на гуми од автомобилската индустрија, вредна 44 милиони евра со над 550 нови работни места. Од македонската Влада, го поздравуваат ваквиот позитивен чекор на соседите.

Во новата стратегија на власта, економските зони стануваат еден од приоритетите. Ќе се привлекуваат нови странски но и ќе се мотивираат домашни инвеститори од кои ќе се очекува да делат и повисоки плати. Во моментов во зоните работат над 14.000 луѓе, а платите кои тие ги земаат се за 5,5% пониски од просечната во државава.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста