Власта молчи: кога ќе го исполни сопственото ветување првиот обвинител да го предложи опозицијата?

Бараме овие мафијаши да си го исполнат ветувањето и да дадат можност опозицијата да предложи независен и непристрасен јавен обвинител кој ќе го исече од корен криминалот почнувајќи од првото дело па се до завршувајќи го последното

Ова е едно од барањата кои ВМРО-ДПМНЕ на вчерашниот протестен марш ги упатија до власта.  Од опозицијата велат дека обвинителството и судството се инструменти на мафијата, затоа мора да се стави крај на неправдите и криминалите во Македонија.

Засега нема одговор од владата за барањата упатени од вчерашниот протест. Ќе си остане ли СДСМ на зборот, или пак и ова ветување дадено пред неколку години ќе биде само уште едно од низата на ветено, а не неисполнето од социјал-демократите.

СДСМ има вистинска, чесна намера, да го ослободи од влијание државниот јавен обвинител. Во таа насока и предлагаме мерка која што ќе го донесе тоа очекување кое го испорачуваме, дека државниот јавен обвинител ќе се избира на предлог на опозоцијата, рече Фросина Ременски (19.06.2017)

По оваа изјава на висок партиски член на СДСМ, Заев ретерираше, но пак вети дека јавен обвинител ќе се избира од стана на опозиција. Но три години од тогаш поминаа, а од ветувањето останаа само празни зборови.

Ние ветивме после втората година на предлог на опозицијата да има јавен обвинител, кажа пред неколку години Зоран Заев (05.07.2017)

Последните промени во законот за јавно обвинителство беа донесени на 27 август минатата година, ВМРО-ДПМНЕ не гласаше за новиот закон, кој според нив, но дел од експертската јавност е само маска за спас на криминалите кои ги правела власата. Во овој закон воопшто не беше ни споменато за јавен обвинител од страна на опозицијата.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста