Власта дури сега почнува да ги дели парите за помош на стопанството од третиот сет мерки

Власта дури сега почнува да ги дели парите за помош на стопанството од третиот сет економски перки. Иако веќе со денови се фали со четвртиот пакет кој доздава хаос во процедурите за добивање помош. По бројните реакции на стопанството дека реализацијата на мерките доцни, власта дури денеска обелодени дека помошта во износ од 17.2 милиони евра станува оперативна, но не за сите кои што конкурирале.

Од вкупно 700, пари ќе добијат 400 компании од преработувачката индустрија, трговијата и ИТ секторот за помош од ковид-кризата.

Министерот за економија Крешник Бектеши истакна дека Владата покажува оти се грижи и ги поддржува сите компании кои во овие тешки времиња инвестираат во нивната конкурентност.

  • Денеска ја заокружуваме една од главните мерки од третиот сет на економски мерки кои Владата ги усвои во текот на вонредната состојба. Оваа помош што Владата ја дава за зголемување на инвестициите и за поттикнување на извозот и зголемување на продуктивноста и конкурентноста на нашите компании ќе внесе дополнителни инвестиции од 89,2 милиони евра согласно сите инвестициски планови, рече Бектеши и додаде дека Министерството за економија веќе ги подготвува сите поедничнечни договори за секоја инвестиција во делот на уредбата.

Паралелно, власта доцни и со реализацијата на четвртиот пакет мерки. Поради бирократски хаос, фирмите не можеа да конкурираат за да добијат помош за плати за октомври. Рокот се проби, па сега е продолжен до утре.

Стопанстфвениците реагираат дека парите се ургентно потребни. Тие се наменети за октомври, ама како што стојат работите ќе се делат на крајот на ноември, бидејќи допрва ќе треба да се прегледуваат апликациите. Премиерот Заев бара трпение.

  • Искористеноста на средствата сама по себа дава јасен сигнал дека имаме национални компании кои се подготвени да инвестираат во услови на криза. Им симнувам капа на сите храбри инвеститори, домашни претприемачи кои и во време на Ковид стартуваат свои проекти и сакаат допонително да инвестираат. Еве вашата земја е тука да помогне. Продолжуваме со такви мерки и во периодот кој следува, рече премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција.

Каква е сегашната состојба, доволно зборува податокот дека без плати, или со нередовни примања се над 100.000 работници. Мерката за помош за плати е дел од антикризниот пакет кој помина во собранието. За оваа намена се издвоени 70 милиони евра. 

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста