Нов план на општина Охрид за изглед на шеталиштето-старите липи ќе бидат исечени, наместо зеленило повеќе



Наместо да се зачуваат децениските липи,веројатно засадени пред 50 години,ќе се исечат вкупно 76 здрави стебла, бидејќи не се вклопувале во новиот проект за реконструкција на улицата „Македонски просветители”. Вдолш оваа сообраќајница која води до пристаништето ќе се засаделе 92 стебла од северноамеричкиот вид,на кои ќе им треба децении да пораснат колку липите-реагираат од граѓанското здружение “Охрид СОС”.

– Општина Охрид повторно тера по свое,наместо да постапува по препораките на Унеско,наместо да ги зголемува парковите и зелените површини и да запре сечењето децениски стебла во градот кои апсорбираат дел од урбаното загадување, се одлучува за некои нови ‘’проекти’’. Дали е ова суптилно додворување на градоначалникот Георгиески пред локалните избори ?

Доколку некој помислил дека ќе се даде повеќе простор на пешаците и велосипедистите и дека ќе има повеќе зеленило, како што е тренд во европските градови-се излажал. Улицата на која наместо асфалт, ќе има калдрма ќе биде двонасочна, но само за возила оти ќе има само една велосипедска патека, од едната страна.На другата ќе има простор за косо паркирање-укажуваат од Охрид СОС.

 Згора на тоа “Македoнски просветители”  припаѓа на заштитеното подрачје на стариот дел од град. Граѓанските активисти прашуваат дали со ваквата „реконструкција“ се почитува  Законот за прогласување на Старото градско јадро на Охрид за културно наследство од особено значење?“

Инаку,за реконструкцијата “ Mакедонски просветители” денеска се одржа јавнатa расправа преку видео-конференција поради ситуацијата со Ковид 19. Во врска со ова од општина Охрид и министерството за транспорт и врски побаравме одговор на следните прашања:

-Дали има правен основ на ваков начин да се организира јавна расправа, со оглед на фактот што законски е пропишано како се одржуваат  јавните расправи?

-Дали ова не е одземање на правото на граѓаните да бидат рамноправни учесници и да даваат свои предлози и мислења, со оглед на фактот што не секој има можност да се пријави,да дискутира и да учествува на ваков начин преку видео конференција ?

-Колку граѓани пријавиле учество на истата ? Како се иврши увид во обемната документација бидејќи се работи за основен проект?

Од општината и ресорното министерство не се одважија да одоговорат на овие прашања, кои ја нематнуваат дилемата дали ова е обид и во иднина да се протуркуваат на мала врата, вака важни урбанистички решенија, далеку од очите на јавноста ?

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста