Вардарци со мирна глава ќе го пречекаат Фленсбург во ЛШ
Пореметениот план, и одложените дуели со ПСЖ и со Фленсбург, од друга страна, може да влијаат позитивно за ракометарите на Вардар, од аспект на порелаксирана подготовка за следниот натпревар, в недела во Скопје со Пик Сегед.
„Не очекува тешка борба за бодови против Сегед. Ова е еден многу квалитетен тим, кој претендира за Ф4. Ние добро ги анализиравме, имаме уште два дена за подоготовка за она што не очекува. Се надевам дека позитивни ќе одговориме на сите задачи, поточно дека играчите ќе го исполнат она што ќе се договориме. Оптимист сум, сакам да видиме каде сме, но не ни се повторуваат оние почетнички грешки против Порто кои не чинеа бодови.“ – изјави тренерот Стевче Алушовски.
За „Црвено-црните“ мечот со Пик Сегед в недела од 18 часот е седми во Лигата на шампионите, моментално се на последното, осмо место во групата А, со три бода помалку од шестопласираниот Сегед, кој одигра и два меча повеќе.