Вардарци „исцрпени“ на мегдан во Запорожје

Ракометарите на Вардар утревечер му гостуваат на Мотор Запорожје во третото коло од СЕХА лигат. По двомечот со Елверум во Лигата на шампионите, тренерот Стевче Алушовски очекува тежок настап во Украина, од причина што неговиот тим е доста физички и психички исцрпен. Патот преку Истанбул со ноќевање, а потоа до Запорожје, каде ќе одработат само еден тренинг, дополнително ја отежнува нивната задача. На местото на повредениот Јагуриновски, деби повик доби Стефан Атанасовски. Мечот во Запорожје се игра утревечер од 20.15 часот.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста