Унгарската влада финансиски ќе ги поддржи фабриките да се рестартираат

За рестартирање на економијата е потребна голема поддршка од Владата, а тоа ќе го реализираме уверува унгарскиот премиер Виктор Орбан при неговата посета во една од фабриките за автомобили. Орбан им вети помош, на сите работници и инженери кои работат таму, дека ќе се обезбеди финансиска поддршка за фабриката да работи со полн капацитет.

„Не само што ќе ја преживееме кризата, туку ќе излеземе од тоа посилно. Работните места може да се заштитат само преку зделки.“ – изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Кризата можеби ќе потрае и до две години вели Орбан, образложувајќи дека сега било рано фабриките да планираат на проширување на капацитетите, но со добри економски мерки тоа може да случи и порано од предвиденото.

Претседателот на “Ауди Унгарија” не ја пропушти шансата да му ги покаже на премиерот таканареченте “антикоронавирусни” мерки што би овозможиле на фабриката да го продолжи производството.

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста