Унгарија со нов план за заздравување на економијата

Нов план за заздравувањето на економијата крои унгарската влада.  Државните институции ги разгледуваат последиците и начинот со кој што ќе се обезбеди „стабилен“ систем заедно со поддршка од граѓаните изјави унгарскиот премиер. Виктор Орбан вели дека акцискиот план за рестартување на економијата ќе се одвива во три фази. Првиот веќе започна на 1 јануари, рече тој, и ќе заврши на 1 април, со намалување на ДДВ за нови градби до 5 проценти, заем од 6 милиони форинти  односно околу 17 илјади евра за реновирање на домови, а половина од сумата нема да се враќа. Целта на програмата е изградба на 40.000 домови секоја година, рече Орбан. Унгарската влада исто така одлучи да ги ослободи лицата под 25 години од плаќање персонален данок на доход од 2022 година.

Како дел од акциониот план, унгарската влада одлучи да воведе нов бескаматен заем за помош на малите и средни претпријатија. Унгарскиот премиер  исто така рече дека ови е компании можат да подигнат бескаматен заем со десетгодишна рочност до 10 милиони форинти односно 28 000 евра, а отплатите им се одложени за три години.

Унгарската економија рушеше рекорди пред пандемијата, рече Орбан. Иако економскиот пад ја потресе економијата, таа успеа да остане на нозе.  Акциониот план на Владата за поддршка на економијата успеа во својата примарна цел за зачувување на работните места, рече Орбан.

Планот за поддршка на фирмите досега им помогна на 1.434 компании, и зачувува  280.000 работни места, а во меѓувреме   се создадоа десетици илјади нови , додава Орбан.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста