ТРИ НЕЦЕЛИ ДЕНА ДО ПОЧЕТОКОТ НА 32. ЛЕТНИ ОЛИМПИСКИ ИГРИ ВО ТОКИО

Три и тоа нецели дена до почетокот на 32. Летни Олимписки игри. Церемонијата на Свеченото отворање на најголемиот светски спортски собир е предвидена за петок од 20 часот по локално, токиско време, а заради временската разлика, кај нас тое е доста рано, веќе од 13 часот. Преку 11 илјади атлети, 206 нации, 33 спорта, 50 дисциплини, 339 комплети медали, неколку нови и враќање на други спортски области во семејството за ова пригода. Во сето тоа и осуммина македонски репрезентативци кои ќе се натпреваруваат во седум спорта: теквондо, карате, борење, џудо, пливање, атлетика и стрелаштво со забелешка, веднаш ,дека конкурентни за победи, добри резултати, па и медали сме само преку Дејан Георгиевски и Могамедџади Нуров. Георгиевски во петок ќе биде и знаменосец, а поддршка ќе му биде Арбреша Реџепи.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста