Крадци! Сиромаштијата нема пари за поскапа струја! – МЕПСО го подгреа револтот кај граѓаните

Крадци! Го ограбивте народот! Сиромаштијата нема пари за поскапа струја! – ова се само дел од бурата негативни реакции на социјалните мрежи откако стана јасно дека енергетските компании немаат намера да ги повлечат пресметките и да побараат нова одлука за цената на струјата. Револтот вчера го подгреа преносниот оператор МЕПСО кој им порача на граѓаните дека нивниот гнев е неоснован, дека не требало да ја споредуваат цената на струјата со просечната плата и да не се бунат многу бидејќи плаќаат повеќе за мобилен и интернет отколку за струја.

„Интернет и мобилни не е исто! Струјата е стратешки интерес, без струја не се може, се е поврзано со струјата. Вие не сте точни. Мешате баби и жаби!„

„Им се може, а ние тоа го дозволуваме“

„Па да, граѓаните ќе плаќаат високи сметки за администрацијата да зема голема плата“

„Вие што се грижите колку луѓето трошеле за интернет. Лани фирмата беше во добивка 7 милиони евра. Уште колку ви треба, ќе ви дадеме. Лопови невидени!“

„МЕПСО нека ги отпушти од работа партиските војници, ете им пари или цела Македонија на улица“

„На народот му пречат огромните плати што ги земаат во МЕПСО и ЕЛЕМ“

Инаку, од Регулаторната комисија за енергетика веќе рекоа дека струјата може да поевтини, односно да се преиспита одлуката само ако ЕВН, МЕПСО, ЕСМ И ЕВН ХОУМ ги повлечат пресметките и достават нови со пониски трошоци. Такво нешто досега не се случи, а тие немаат ниту намера да го сторат тоа. И додека за овие компании поскапувањето е завршена работа, народот е незадоволен. За потсетување, државните електрани и МЕПСО повеќе пати беа на мета на јавноста поради бројните партиски вработувања и скапи набавки на мебел. Лани ЕВН ја заврши годината со профит од 34 милиони евра, МЕПСО имаше добивка од 7, а ЕСМ од 3 милиони евра.

Тања Попова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста