Вардар се враќа на терен на 29 август кога во Скопје ќе игра 1/4 финале од СЕХА со Нексе

СЕХА лигата ќе биде првото регионално натпреварување кое ќе се ревитализира по пандемијата, а ракометарите на Вардар се првите од екипните спортови во сала кај нас што имаат закажано средба. Станува збор за реванш четвртфинале со Нексе кое црвено црните ќе го играат на 29. август во Скопје. Во натпреварот во арената Јане Сандански, која ќе биде без публика, Вардар влегува со предност од 31-30 остварени уште на 8. март во Загреб, а влогот е учество на Фајнал фор односно завршницата на СЕХА која во ова продолжение на сезоната е предвидена за 5 и 6 септември.

Advertisements