СВИТОЛИНА и БЕРТЕНС се откажаа од учество на Гренд Слемот на Флешинг Медоу

Елина Свитолина и Кики Бертенс нема да играат на тенискиот Гренд Слем во Њујорк кој започнува на 31 август. Тоа се петтиот и седмиот женски светски рекет и тие и се приклучија на прворангираната Ешли Барти која од претходно рече дека не патува во САД. Интересно организаторот пред неколку дена објави листа на играчи кои ќе играат на Флешинг Медоу, а на неа беа и Свитолина и Бертенс, па се чини дека конечниот список нема да биде конечен уште долго.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста