Светска банка прогнозира раст на македонската економија од 4,6% годинава, и инфлација 2,4%

Растот на македонската економија годинава се очекува да биде 4,6%, а инфлацијата 2,4 отсто, со тенденција да се стабилизира, прогнозира Светска банка. Според најновиот Извештај, и покрај економското закрепнување се уште постојат ризици, пред се поради бавното темпо на вакцинација во Македонија. Од Светска банка велат дека политичката несигурност исто така ќе го забави закрепнувањето на домашните и странските инвестиции кои му се потребни на регионот за да се зголемат потенцијалните резултати да се креираат работни места.

  • Фокусот на политики треба да се помести на надминување на пречките за создавање работни места и економска трансформација. Недостигот на пазарна конкуренција, ограничената регионална економска интеграција и чувствителните институции се уште поочигледни како резулчтат на стресот што го наметна КОВИД-19, рече директорот на канцеларијата на Светска банка во Македонија и Косово, Масимилијано Паолучи.

Македонија во 2020 година поради кризата предизвикана од Ковид -19 имаше забележи БДП од минус 4,5 проценти, откако во 2019 година забелеши позитивен раст на БДП од 3,2 проценти.

Според Светска банка, економиите на сите земји во Западен Балкан, освен на Црна Гора, до крајот на годинава се очекува да се вратат на ниво пред пандемијата.

  • Меѓутоа, закрепнувањето и понатаму е кревко. Раните знаци за предупредување кои доаѓаат од пазарот на трудот бараат повеќе внимание. Невработеноста на младите се зголеми на 37,7% во 2021 година, што е 5,4% процентни поени повеќе од јуни 2020, со што уште повеќе се влошија перспективите за вработување на младите, вели Сања Маџаревиќ – Шујстер, виш економист за земјите од Западен Балкан.

Народната банка веќе најави умерено корегирање на инфлацијата која е проектирана на 2,2%. Дека проблемот со инфлацијата е многу сериозен, па дури и двојно повисока, предупредија и редица експерти. Академик Абдулменаф Беџети рече дека на ова треба сериозно да се работи, зашто и досегашните поскапувања се проблематични. Според него, можеби годинава ќе заврши до 4,5% до 5% инфлација.

Според индексот на цените на мало, тоа е сериозен сигнал дека тука треба да се оди многу внимателно, зашто тоа удира директно на потрошувачката кошница.

Во меѓу време, од бизнис секторот веќе предупредија дека состојбата е неподнослива и ако Владата не преземе итни сериозни чекори, не очекува лошо време. Капак на се е и потенцијалната енергетска криза, која може да повлече и низа поскапувања.  

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста