Суперлига: Металург домаќин на Пролет во дербито на 8.коло од плејофот

Со три натпревари попладнево почнува 8то коло во плејофот од ракометната Суперлига. Актуелениот шампион и непоразениот лидер Вардар гостува кај втората екипа на Пелистер од 15 часот. 30 минути подоцна, Струга го дочекува сениорскиот тим на Пелистер, а последниот термин од 17 часот е резервиран за Металург и Пролет. Токму оваа пресметка во Автокоманда се очекува да биде најнеизвесна ако судиме по досегашните игри и изгледот на табелата, Пролет е на високото третто место, а Металурзите се на шестото со само една победа во седум натпревари. Утре коло го затвора дуелот меѓу Охрид и Бутел од 14 часот.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста