СРБИЈА ВОВЕДУВА ПЦР-ТЕСТ И КАРАНТИН ЗА СТРАНЦИТЕ

Србија во текот на оваа недела веројатно ќе воведе задолжителен ПЦР-тест и 14-дневен карантин за странците кои доаѓаат од одредени земји.  Кризниот штаб за борба против коронавирусот тврди дека списокот на земји за кои ќе се воведе карантин сè уште не е составен, а досега во Србија не беше воведена ваква мерка за ни една земја. Според штабот неопходно е да се разгледа епидемиолошката состојба на секоја од земјите,  а потоа ќе се донесе одлука врз основа на тоа.  Сите што ќе сакаат да влезат во Србија ќе мора да покажат ПЦР тест не постар од 72 часа.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста