Сообраќајна незгода во ресенско, моторциклист се здобил со тешки телесни повреди

На 21.07.2020 во 13.25 часот на регионален пат Макази – Маркова Нога, на крстосница за с.Долна Бела Црква, ресенско, се случила сообраќајна незгода помеѓу трактор „ИМТ 533“, без регистарски ознаки, управуван од Ж.И.(78) од с.Курбиново, ресенско, и мотоцикл „БМВ 1200“, со битолски регистарски ознаки, управуван од А.О.(36) од Битола. По незгодата, мотоциклистот бил пренесен во Клиничка болница Битола, каде  му биле констатирани тешки телесни повреди. За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид на местото на незгодата извршила екипа од Полициско одделение Ресен.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста