Севиља пласманот во ЛШ ја чини 25 милиони евра, и тоа во касата на Милан

Севиља е принудена да го откупи договорот на Сусо од Милан за во наредните пет години. Шпанското крило оваа полусезона игра како позајмен фудбалер,  но во договорот стои клаузула која вели, доколку Севиља се пласира во Лигата на шампионите, ќе мора да ја исполни обврската за откуп на играчот. Па така, прогресот на Севиља во елитното европско натпреварување на еден начин ги чини 25 милиони евра, кои ќе завршат во касата на Милан.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста