САД ОДОБРИЛЕ ПРОДАЖБА НА ОРУЖЈЕ ЗА ТАЈВАН ВО ВРЕДНОСТ ОД 2,3 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ

Стејт департментот одобри евентуална продажба на 100 крајбрежни одбранбени системи „Харпун“ за Тајван, кои ги произведува „Боинг“, а вредноста на договорот изнесува 2,37 милијарди долари.
Таквиот потег доаѓа неколку дена откако Стејт департментот одобри и продажба на уште три системи за вооружување за Тајван, вклучувајќи сензори, ракети и артилерија, чија вкупна вредност би можела да изнесува 1,8 милијарди долари, што ја предизвика Кина да се закани со санкции.
Ваквите акции на САД се случуваат во момент кога администрацијата на претседателот Доналд Трамп го зајакнува притисокот врз Кина пред претседателските избори на 3 ноември и кога се зголемува загриженоста поради намерите на Пекинг кон Тајван.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста