Роналдо два пати ја „затресе“ Франција, и го израмни светскиот рекорд на Иранецот Даеи

Кристијано Роналдо со двата погодоци за Португалија против Франција во третото коло го изедначи светскиот рекорд на иранската легенда Али Даеи по бројот на репрезентативни погодоци. Сега двајцата имаат по 109 гола, што значи, само еден гол го дели Португалецот до нов светски рекорд. Роналдо веќе брои пет погодоци на ова ЕУРО, или вкупно 21 гол на големите турнири, со што го надмина Мирослав Клосе, кој досега со 20 голови важеше за најдобар стрелец во историјата на големи контитентални натпреварувања. Претходно, Роналдо го надмина и Мишел Платини во бројот на голови на Европските првенства, и за него ова е петто ЕУРО што го прави и во овој дел неприкосновен.   

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста