РОМАНИЈА СО КРИСТИНА НЕГАУ ЗА БАРАЖ ДУЕЛИТЕ СО МАКЕДОНИЈА ЗА НАСТАП НА РАКОМЕТНОТО СП

Една од најдобрите ракометарки на светот во новиот век Кристина Негау ќе ја води Романија во бараж мечевите со Македонија за Светското првенство во Шпанија на крајот од оваа година. Нивниот селектор Адријан Василе денеска го објави списокот на повикани за дуелите со нашата селекција на 17 април во Букурешт и четири дена подоцна во Скопје. Од изборот не отсуставува никој позначаен, а тука се сите што играат во Лигата на шампионките, пред се во четвртиналистот Букурешт.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста