Реал Мадрид на +2 бода во битката за титулата во Примера

Реал Мадрид по пауза од шест кола повторно осамна на врвот во Ла Лига и од нив ќе зависи дали ќе ја вратат титулата во Мадрид.

Во последниот меч од 31.коло минимално на гостински терен го совладаа Еспаљол. Стрелец на победоносниот гол беше Касемиро по маестрална асистенција на Бензема.

Реал има два бода повеќе од Барса и на шест кола може да си дозволат и едно реми за трофејот во Примера.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста