РЕАЛ МАДРИД ИМ ПОДГОТВИЛ НОВИ ДОГОВОРИ НА РАМОС И МОДРИЌ

По извонредни партии во последниот период, а особено по вчерашната победа кај Еибар, Реал Мадид побрза да објави дека ги планира ветераните Серхио Рамос и Лука Модриќ и за следните неколку сезони. Кралевите се веќе подготвени да им понудат нови договори со тоа што обврската за стоперот би била подолгорочна, а за Хрватот нешто покуса со оглед на тоа дека тој веќе има 35 години. Во секој случај и едниот и другиот би биле во белиот дрес уште барем две и пол сезони, а се треба да биде верификувано до крајот на 2020-та.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста