Реал домаќин на Ливерпул, Сити ја дочекува Борусија во првите четвртфинални натпревари од ЛШ

Со вечерашните натпревари меѓу Реал Мадрид-Ливерпул и Манчестер Сити-Борусија Дортмунд почнува четвртфиналната фаза во фудбалската Лига на шампионите. Посебно интересно ќе биде во Мадрид каде се среќаваат финалистите од 2018-та. Ливерпул ќе бара реванширање за оној пораз, кога со головите на Бејл, Реал трет пат по ред се искачи на европскиот трон. Тимот на Клоп ќе стори сѐ да остане во игра за титула откако во Премиер лигата одамна ја загуби битката. Момците на Зидан, пак, се во неизвесна трка за трофејот во Ла Лига, па затоа посакуваат уште вечерва од 21 часот на „Алфредо ди Стефано“ да завршат голем дел од работата за мирен реванш на „Енфилд“. Вечерва на „Итихад“ гостува Борусија Дортмунд. Манчестер Сити важи за фаворит во битката за полуфинале ако судиме по одличната сезона, во која сигурно чекорат кон нова шампионска титула. За разлика од нив, „Милионерите“ по низата лоши резултати во Бундеслигата стравуваат дури и за позициите кои носат пласман во ЛШ за догодина. Затоа овој двомеч со Сити е нивна последна шанса за нешто повеќе сезонава. 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста