РАКОМЕТАРКИТЕ ПО УБЕДЛИВИОТ ТРИУМФ (31:21) НАД ЛИТВАНИЈА ОБЕЗБЕДИЈА МЕСТО ВО БАРАЖОТ ЗА СП

Убедлива победа со двоцифрена разлика за македонската женска ракометна репрезентација која го обезбеди и вториот триумф во квалификациите за Светското првенство, со што го потврди учеството во баражот за место на Мундијалот кој на програмата е догодина.

Попалднево нашите ракоемтарки со 31-21 ја совладаа Литванија на дуелот кој се одигра во Скопје. Нашиот тим беше во постојана предност против Литванките, а посебно во завршните 10 минути  играше доминантно и стигна до висок тирумф.

Ристовска со осум погодоци и Стојковска со пет гола беа најефиасни во македонскииот дрес, Серафимова и Мицевска имаа по осум одбрани. Во последниот дуел од предквалификациите утре во рамките на Групата 2 повторно од 17 часот во СЦ „Борис Трајковски“,  Македонија игра против Грција.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста