Путин: На напад со конвенционално оружје Русија ќе возврати со нуклеарно

Рускиот претседател, Владимир Путин, донесе уредба со која се утврдува дека руската војска може да употреби нуклеарно оружје како одговор на напад што би вклучувал само конвенционално оружје.

Според уредбата објавена на интернет-страницата на Кремљ, Русија може да преземе таква акција, ако почетниот напад претставува потенцијална закана на опстанокот на државата.

Својот нуклеарен арсенал Русија може да го употреби и како одговор на напад на сојузник, ако таков напад вклучува оружје за масовно уништување, стои во уредбата.

Путин, според извршната уредба, го задржува правото како претседател да донесе конечна одлука за употребата на нуклеарно оружје.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста