Продолжува потрагата по малата Данка: Сите очи вперени во нејзината мајка, Ивана

Продолжува потрагата по малата Данка: Сите очи вперени во нејзината мајка, Ивана

По опсежната потрага на реонот во кој учествуваа повеќе од 1.000 луѓе, исчезнатото девојче Данка Илиќ не беше пронајдено. Затоа, фокусот на истрагата, согласно вообичаената полициска практика, е префрлен на семејните контакти на таткото и мајката на данка. Мајката, Ивана Илиќ е од посебно значење во истрагата, бидејќи таа била единствена со децата во моментот на исчезнувањето и практично последна ја видела својата ќерка.

Директорот на Центарот за исчезнати и малтретирани деца Игор Јуриќ, денеска изјави дека во случајот со исчезнувањето на двегодишното девојче Данка Илиќ во Бањски Поле кај Бор, сомнителни се сите околности кои довеле до ова исчезнување, како и изјавите на блиските роднини на девојчето, кои се контрадикторни, бидејќи во почетокот било тешко да се поверува дека двегодишно девојче може да оди толку далеку, што ниту полицијата која многу брзо дошла на местото на настанот не можела да ја пронајде.

-Ова е многу специфичен случај, пред се поради возраста на детето, а имајќи предвид дека детето е целосно немоќно да направи нешто самостојно, тогаш се се сведува на околината и луѓето околу детето. Ми се чини дека таму нема човек кој е во близина, а да не е сомнителен. Не вперувам прст кон никого, туку објективно гледам на фактите кои се актуелни во моментот и кои укажуваат дека сомнежот мора да постои и постои поради сите тие факти, изјави тој за агенцијата Танјуг.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста