Земјотрес во Грција со јачина од 5,7 степени

Земјотрес во Грција со јачина од 5,7 степени

Земјотрес со јачина од 5,7 степени, според податоците од геодинамичкиот институт на националната опсерваторија во Атина, беше регистриран нешто по 9 часот во морскиот дел, западно од грчкиот полуостров Пелопонез. 

Земјотресот беше почувствуван во целиот регион на Пелопонез, особено во западниот дел, но и во Атина. 

Некоја минута претходно се случил земјотрес, но со помала јачина, од 4,3 степени.

Двата земјотреси беа почувствувани во многу региони на Грција, вклучувајќи ја и Атика. Професорот по динамичка тектоника и применета геологија Ефтимис Лекас на платформата Х напиша дека нема повредени и дека не е причинета штета, додека директорот на Геодинамичкиот институт Атанасиос Ганас рече дека причината што нема материјална штета е тоа што зградите во областа се изградени според строги антисеизмички прописи.

Ганас изјави дека земјотресот со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала бил на длабочина од 20 километри, во централното Јонско Море, на допир на евроазиската и африканската плоча. Жителите од погодените подрачја велат дека противпожарните патроли ги утврдуваат сите проблеми предизвикани од земјотресите.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста