Пожари во САД- досега изгореа на пет илјади квадратни метри шуми

 Се уште беснеат пожарите низ западниот дел од Соединетите Држави. Досега се уништени над половина милион хектари шуми. Дека ситуацијата е навистина драматична покажува и чадот кој стигна дури до овде, до Вашингтон, на источниот брег што е растојание поголемо од речиси четири илјади километри.

Околу 80 шумски пожари беснеат низ 13 сојузни држави во западниот дел на САД. На повеќе места се издадени наредби за евакуација на локалните жители.

Тоа е единствената куќа што ја знам, родена и порасната сум во таа куќа. Не сакам да ја изгубам, вели на Калифорнија.

Најголемите пожари се на границата меѓу Орегон и Калифорнија.

Кристофер Дикус, Политехнички универзитет на Калифорнија

За среќа нема многу луѓе кои живеат во тие области. Ако овие пожари се појавеа во понаселени места, тоа ќе беше целосно и апсолутно уништување, Кристофер Дикус од Политехничкиот универзитет на Калифорнија.

Над 20 илјади луѓе се вклучени во операциите за гаснење. Се користат авиони, па дури и специјални возови за оваа намена.

Локалните власти ветуваат дека прават се што е во нивна можност да се справат со природната катастрофа.

Имаме над две илјади луѓе кои работат на само еден пожар. Нашите пожарникари херои, логистички експерти, професионалци за комуникации и операции. Побарани се федерални ресурси и тимови од Јута и Калифорнија учествуваат со нас во оваа битка, изјави Кејт Браун, гувернерка на Орегон.

Иако шумските пожари не се ништо ново за овој дел од земјата, ова лето состојбата е навистина сериозна.

Западниот дел од САД е под исклучителна, ужасна суша и растенијата таму страдаат за вода поради што многу лесно горат. Имаме високи температури и ниска влажност па растенијата се многу суви, вели Дикус.

Сезоната на шумски пожари која вообичаено почнува на есен е значително поместена.  Сепак, експертите велат дека тие се дел од природен процес.

Всушност тие се природен процес на екосистемот во западниот дел на САД. Вообичаено се појавуваа на секои пет години, со мал интензитет. Но бидејќи ние ги гаснеме ефикасно, растенијата растат повеќе. Кога на ова ќе се додаде суша, а нема доволно вода на земјата, тоа се ужасни услови, изјави Дикус.

Претседателот Џо Бајден неодамна изјави дека се прават планови за лансирање сателити кои би помогнале во раната детекција на пожарите, како и за креирање апликации за мобилни телефони преку кои би се предупредувале граѓаните за опасностите.

Околу 90% од пожарите на западниот брег на САД се предизвикани од човечки фактор.

За Алфа, од Гласот на Америка, Никола Крстиќ во Вашингтон.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста