Повисок „минималец“, најава за повисоки пензии, загрижувачка инфлација – „вртење во круг“ или повисок стандард?

Цените вртоглаво растат, скапотијата се зголемува, ама животниот стандард на големо опаѓа. „Изгор“ високите цени на речиси се, „им ги јадат“ парите на граѓаните, немоќни да сторат нешто. Покачениот минималец кој дел од граѓаните ќе го земат дури во март и најавениот раст на пензиите, ни малку не е утеха за народот, кој се пожали дека ништо живо не може да им ги покрие високите сметки кои од месец во месец растат..

  • Катастрофа, ова е невидено. Не може да покачува само 5% и тоа да не го добиеме, а поскапувањето да надминува 50%. Во ни една држава тоа не може е така, само кај нас се оди на горе, на нашиот стандар на доле, и тоа е, нема што да се прави, се жалат граѓаните пред камерата на Алфа.

Капак на се е и фактот дека добар дел од цените ќе се одмрзнат веќе од следниот месец, па така граѓаните ќе се соочат со уште еден ценовен шок.

Паралелно, сечиси сите производи кои немаат замрзнати цени се продаваат поскапо и тоа за неколку пати. Граѓаните бесни.

Цените на храната, лебот и житата во 2020 година се зголемија за 3,2%, во 2021 година за 2,6%, а во јануари и покрај замрзнатите цени, дополнително се зголемија за 1,2%.

Генерално, од почетокот на пандемијата со ковид-19 (од март 2020 година до јануари 2022 година), кумулативниот раст на цените во домашната економија изнесува 8,6%, при значаен раст на цените на храната за 11% , висок раст на цените на услугите за домување од 11,6%, на цените на транспортот од 11,8% и на цените на услугите во рестораните и хотелите од 12%.

Податоците на Статистика  од почетокот на кризата со пандемијата до најновите податоци во јануари 2022 година покажуават дека населението осиромашува и дека ја носочува потрошувачката кон најпотребните прехранбени производи и кон некои услуги, како и за заштита на сопственото здравје.

Дека има сериозно поскапување на се, покажува и синдикалната минимална кошница. Таа во јануари „тежела“ 35.811 денари, или дури 770 денари повеќе од декември лани.

Инфлацијата, односно годишниот раст на цените кај нас подолг период е повисок од очекуваното, веќе алармираше Меѓународниот монетарн фонд, а Народната банка кажа од ММФ ѝ е препорачано будно да ги следи состојбите и ако е потребно навремено да интервенира со мерки. Пред две години инфлацијата беше 0%, минатиот месец се искачи на 6,7%.

Стравувањата се дека одмрзнувањето на цените на повеќе производи, ќе предизвика дополнителен инфлаторен удар. Капак на се е и цената на горивата, која кај бензинот надмина 80 денари по литар, додека кај дизелот доближува до 80 денари, што не било случај никогаш.  

Бизнисмените и трговците веќе од следниот месец најавија поскапувања на лебот, млекото, маслото, месото и на другите прехранбени продукти, зашто веќе книжеле повисоки сметки за струја. Последниот шок врз инфлацијата е и токму растот на цената на струјата која за домаќинствата поскапе за 9,4%, но и поскапото парно за 14%, се како последица на енергетската криза. Стабилирање на состојбите се очекува дури кон средината на оваа година.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста