Поскапата струја и намаленото ДДВ на расправа пред пратениците

ВМРО-ДПМНЕ бара ДДВ од 5% за струјата да биде трајно решение, а не само една година како што бара власта. На ваков начин би се спречило следната година струјата да поскапи за 12,4%, што би се случило со сегашната, нова, покачена цена на струјата. Ова е само еден од поднесените амандмани на опозицијата, со кои се обидуваат да спречат актуелниот маневр на власта – поскапувањето на струјата, да го амортизираат за само една година, колку да поминат изборите. Бараат и приватните компании да плаќаат намелено ДДВ.

Претседателот на Комисијата Тимчо Муцунски апелираше до пратениците од парламентарното мнозинство да го прифатат амандманот бидејќи, како што рече, тие се во интерес и на граѓаните и на стопанството. Според Муцунски, со предложениот закон, цената на струјата не се намалува, туку само се одржува.

  • ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи намалување на ДДВ-то, но бараме тоа да биде посеопфатно од она што е предложено во законот, рече Муцунски.

Муцунски вели дека не само на домаќинствата, туку треба да им се помогне и на компаниите и да и се помогне на индустријата коишто се катастрофално погодени од несоодветната реакција на оваа страшна социо-економска криза која ни се случува.

Мерката за намалување на ДДВ-то е привремена која иако беше најавена да важи од 1 јули сепак, измените во законот сеуште се во собраниска постапка. Од власта сметаат дека не треба да се спори оваа одлука.

Од месецов за граѓаните важи поскапата струја од 12,3%, а намаленото ДДВ се чека да добие зелено светло од пратениците.

На комисијата за финансирање и буџет се најде и изградбата на инфраструктурата во земјава. Опозицијата и власта во Собранието беа едногласни дека без тендерска постапка со директна спогодба амерканско-турскиот козорциум „Бахтел и Енка“ да се гради автопатите од Коридор 8 и 10. Од ВМРО-народна поднесоа 4 амандмани, кои побараа покрај овие автопати да градат и други патни правци низ земјава, но тие беа одбиени.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста