Попладнево се игра главнината од натпреварите во нашата прва фудбалска лига

Откако Вардар и Борец вчера го отворија новиот фудбалски шампионат во земјава денеска се играат и другите средби од воведното коло. Од 17.30 Шкупи ја дочекува Шкендија, Македонија во Ѓорче Петров, Работнички, а Беласица-Силекс. Во преостанатите натпревари Пелистер игра со Академија Пандев, а Ренова со Струга. Потсетуваме вчера Борец славеше кај Вардар со 1-0.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста