Општините пред сериозна енергетска криза – Владата одмага, наместо да помага

Во ек на енергетска криза централната власт наместо да им помогне на локалните, им врши дополнитлен притисок. Градот Скопје не може финансиски да придонесе во покривањето на дел од високите трошоци на „БЕГ“ за набавка на природен гас, вели претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славевски.

  • Тоа е бесмислено, кога гледаме дека Владата има многу поголеми ресурси. Владата, за разлика од сите општини и Град Скопје може да се задолжува. Таа е суверена и може да ускокне во оваа ситуација. Има уште еден проблем – ние не знаеме која е сумата што треба да се дотира, рече поранешниот министер за финансии и додаде дека Град Скопје никогаш немал ставки за вакво субвенционирање во својот буџет.

Ваквото барање од Владата дојде иситот ден кога сите општини здружно побараа помош за покривање на трошоците за струја бидејќи за дел од нив добија и пет пати повисоки сметки.

Според познавачтеи ова отвора повеќе прашања – зошто со народни пари се субвенционира приватна компанија и дали со ова не се дискриминираат оние кои не се грејат на парно. Тие предупредуваат дека локалната власт и без тоа се соочува со сериозен енергетски проблем, откако струјата драстично поскапе.

Професорот Константин Димитров за Алфа вели дека Владата мора под итно финансиски да им помогне на компаниите, и бара сериозно решавање на проблемот, за сиот товар да не падне врз грбот на граѓаните. 

Според најавите Владата ќе покрие 80% од трошоците, а бара останатите 20% да додјат од општините. Со тоа разликата од регулираната до реалната цена би била покриена од државниот буџет за што ќе бидат одвоени најмалку 5 милиони евра а Град Скопје би требало да издвои 1 милион.

Инаку, според последниот достапен финансиски извештај, „БЕГ“ во 2019 година, имал заработка од 982.000 денари, а во 2018 од дури 25 милиони и 679.000 денари.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста