Добивање на термин за ПСР тестирање во државното здравство е еднакво на добивање лотарија

Седум до десет дена граѓани со симптоми на ковид чекаат термин за тестирање. Ако сте од Скопје и имате среќа термин ќе добиете следната недела и тоа во Тетово. И по две години од почетокот на пандемијата, македонските здравствени власти повторно со соочуваат со недостаток од ПСР тестови.  Па, така, од направени 7.123 тестирања во последното деноноќие во државните лабаратории се направени само 1122 ПСР тестови. Или на државно се тестирале само 16 проценти од вкупниот број. (иде втор телоп) За разлика од државните, приватните лабаратории извршиле тестирања на повеќе од двојно пациенти со симптоми на вирусот.

Од март 2020 година  во Македонија се направиле речиси еден милион 670 илјади тестирања, а од нив над 1.206 илјади се платени на приватно. Ако просекот  е 25 евра, граѓаните потрошиле над 30 милиони евра, а сигурно и повеќе бидејќи цената на тестовите варираше и достигна дури 6 илјади денари за итни случаи.

За ова свесни се и матичните лекари кои причината ја лоцираат во немањето термини за тестирање. Од Здружението на матични лекари предупредуваат дека само во Велес на пример за оваа недела термини повеќе нема.

Се чека по пет дена, значи оваа недела било кој и да побара нема, сите си го решаваат проблемот со „Никоб“ кој што доаѓа понделник, среда и петок кој доаѓа пред еден маркет и на една друга бензиска исто доаѓа една друга лабараторија, тоа се наши информации кои што ги имаме од пациентите вели за Алфа, Лидија Чолакова Дервишова.

Добар дел од граѓаните се одлучуваат и за брзи тестови од аптека кои се и поефтини, но тие може да дадат и нереална слика за присуството на вирусот. Па така не се регистирани во статистиките на здравство, а нивниот број е многу голем сметаат матичните лекари.  Министерството за здравство се оградува дека не се надлежни за кусокот од термини за тестирање и малиот број направени тестирања.

Министерството за здравство не ја прави распределбата на термини за тестирање. Во зависност од тоа колкав е капацитетот на лабораториите, се одредува и бројот на термини кој ќе биде издаден за јавно здравствените установи.  Во процесот на одредување на потребни термини за тестирање учествуваат Центрите за јавно здравје, како и самите Здравствени домови каде се спроведува тестирањето. ПЦР тестови набавуваат самите ЈЗУ-и- велат од МЗ.

Освен што ќе треба да се тестираат приватно, граѓаните ќе треба и на приватно да се лечат иако плаќаат здравствено осигурување секој месец. Една крвна слика на платена на приватно чини околу 1500 денари. Ако докторот ви препише „Фавира“, лек кој не оди преку Фондот, ќе ве чини 5600 денари. (оди телоп) Клексан,витамини и минерали ќе ве чинат најмалку околу 100 евра во зависност од производителот.

– Антивирусен лек за имунитет изопринозин чини околу 900 денари за 8 дена
– Витамин Ц (1.000 мг) е до околу 800 денари за 100 таблети
– Витамин Д3 од 300 до 500 денари – 60 таблети
– Цинк 15 мг – до околу 600 денари – 60 таблети
– Магнезиум – цената почнува од околу 7 денари за таблета или 20 денари за прашок
– Лек против прилепување и згрутчување на крвни плочки – околу 120 денари
– Пробиотик – околу 200 денари
– Ибупрофен – околу 120 денари
– Парацетамол – 20 денари
– Спреј против афти – 200 денари
– Спреј за нос – околу 200 денари
– Б-комплекс – околу 100 денари
– Бета-глукан – околу 1.000 денари

Во моментов активни се над 13 илјади случи на Сарс-ков2, а битката со вирусот досега ја загубија 8.062 лица со што Македонија е во првите пет земји по смртност од корона вирусот во Европа.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста