Опозицијата бара, власта бега од избори – предлогот за укинување на техничката Влада утре во Собрание

Најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ утре ќе ги поднесе измените на Законот со кои бара да се укине пржинската Влада за организирање на предвремени избори. Тоа за политичките аналитичари било добар потег, зашто според нив, пржинската Влада немала никаков корисен ефект. Алберт Муслиу за Алфа рече дека ваквата Влада било за еднократка употреба пред неколку години, а сега на дел од партиите повеќе им користи како „пи-ар“, зашто таа не може да носи никакви одлуски.

  • Сметам дека таа Влада тогаш беше само за еднократна употреба и не ја гледам причината да остане и натаму. По мене таа е непотребна, зашто сега на дел од партиите повеќе им користи како „пи-ар“, оти во моментов таа не може да носи никакви одлуски, вели за Алфа, полтичкиот аналитичар Алберт Муслиу.

И политичкиот аналитичар Владимир Божиновски смета дека пржинската Влада не била потребна, ниту пак државава имала корист од нешто кое не врши никаква функција.

  • Генерално таа Влада немаше ефект на изборите од 2020 година, предизвикуваше само тензии и меѓусебни обвинувања, затоа јас не ја гледам причината таа да остане, затоа мое мислење е таа да се укине, вели за Алфа, Владимир Божиновски, политички аналитичар.

Со бришење на предложените одредби, опозицијата бара итни предвремени избори кои ќе се организираат како и до пред 2016. ВМРО-ДПМНЕ нуди да се организираат избори без технички премиер, без учество на опозициски министри и во уставниот рок од 45 до 60 дена. Пржинската Влада беше едно од главните барања на СДСМ кога тие беа во опозиција.

Дел од експертите, пак, велат дека дрвавата не ни е функционална, и дека избори уште годинава и биле потребни на Македонија.

  • Добро за Македонија е уште годинава да има избори зашто Македонија уназадува и ништо не функционира во земјава, додава Божиновски.
  • Немам јас ништо против за избори, но само ако се смени методологијата, се со цел не пати општеството зашто со изборите се ќе биде укочено во земјава, додава Муслиу.

Во однос на барањето за една изборна единица и отворени листи со што помалите политички партии ја условуваат поддршката за Влада, од СДСМ велат дека за нив се прифатливи но за тоа е потребен е политички косензус. Од ВМРО ДПМНЕ велат подготвени се веднаш да разговараат за измени на законот.

Инаку, ако утре се одржат избори, ВМРО-ДПМНЕ води со убедливо водство пред СДСМ. За опозициската партија би гласале 22.5% од граѓаните, а за владејачката 17.9%, покажува најновата анкета на Институтот за политички истражувања. За ДУИ се изјасниле 7% од испитаниците, по што следат Алијанса во Албанците со 3.5%, Левица со 2.9%, Алтернатива со 1.2% и БЕСА со 1.1%.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста