Неделков за Алфа: Ако денеска нема договор СОНК не отстапува од барањата

Од СОНК не отстапуваат – велат штрајк ќе има ако договорите пропаднат. Очекуваат посериозен пристап, со аргументи  и бројки  од Владата, а не паушални изјави. Велат, како што е криза за Владата, така е и за работниците кои едвај преживуваат.

Ако денеска не се постигне договор, училиштата и градинките од 11 април нема да работат, се додека не се исполни барањето на СОНК – пораст на платите согласно сложеноста и коефициентот на работното место, вели за Алфа првиот човек на СОНК Јаким Неделков.

По средбата на делегација од СОНК во Владата минатата недела, ова ќе биде нов обид за договор за исполнување на барањето на Синдикатот за зголемување на платите односно усогласување со минималната во дејностите образование и детска заштита.

Иако барањата се оправдани, според министерот за финансии Фатмир Бисими, голем дел биле превисоки, и во нормални околности или неприфатливи и за самите предлагачи, доколку би биле на одлучувачки позиции.

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, пак, се надева дека до 11 април за кога е закажан штрајк на вработените во училиштата и градинките ќе има договор помеѓу Владата и СОНК со цел згрижувањето на децата да може да се одвива непречено.

(Б.Г.)

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста