Нашиот репрезентативен голман Митревски синоќа беше претставен во Порто

Николче Митревски синоќа беше претставен во Порто Софарма каде ќе брани следната сезона. Македонскиот ракометен чувар на мрежата е дел од квинтетот засилувања на учесникот на А групата во Лигата на шампионите и противник на нашиот Вардар. Митревски имаше понуда и од црвено црните, но се реши од Еурофарм Пелистер да си замине на крајниот запад од континентот, но овој пат не во Бенфика каде беше две сезони, туку во амбициозниот Порто.