НА ОЛИМПИСКИТЕ АРЕНИ ДЕНЕСКА НАТПРЕВАРИ ВО 28 СПОРТА СО ДОДЕЛУВАЊЕ ОДЛИЧЈА ВО 21 ДИСЦИПЛИНА

На собирот во Токио денеска има настани во 28 спорта, а во 21 дисциплина и доделувања медали. Прошетката по олимписките борилишта во јапонската престолнина ја започнуваме со 4 финалиња во пливање во кои победија Британецот Адам Пити на 100 метри градно, американската штафета 4 пати по 100 метри слободно, канаѓанкара Маргарет Мекнил на 100 пеперутка и Австралијката Ариарн Титмус на 400 слободно. Натаму. Во скоковите во вода најдобра изведба од 10 метарската платформа синхроно имаа Британците Ли и Дејли, Кореја ја продолжи доминацијата во стреличарство со триумф на машкиот тим, Словенецот Бенџамин Савшек победи во првата финална дисциплина во кајакот, а Томас Пикок од Велика Британија во воведната во маунтинг бајкот.  Во  новата распределна на стрелиштето одлични беа Американците кои преку Винсент Хенкок и Амбер Инглиш кои дојдоа до победи во програмата скит, а 13 годишната Јапонка Момиџи Нишија славеше во скејтбордингот. Тоа е до пред малку. До крајот на денот ќе има прогласување олимписки победници и во гимнастика, тријатлон, кревање товар, теквондо, пинг понг и во една дисциплина во џудото каде во првата, жанската Нора Ѓакова на Косово му донесе уште едно злато.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста