НА 7 ДЕНА ПРЕД ПОЧЕТОКОТ НА ЛОИ ВО ТОКИО ЗАБОЛЕНИ ОД КОРОНА ВО КОЈ СЕ СМЕСТЕНИ СПОРТИСТИ

На седум дена пред почетокот на летните олимписки игри во Токио домаќинот се соочи со проблем со КОВИД констатиран кај осуммина вработени во хотел во кој веќе била сместена дел од бразилската експедиција. Станува збор за редовно тестирање на сите кои се вклучени во организацијата, и во случајот, на вработените во сместувачки капацитет. Од хотелот смируваат и велат дека заболените немале контакт со гостите, но проблемот е се поголем зошто во Токио вчера се пријавени 1149 заразен што е најголема бројка од јануари.  

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста